UNILEVER ПРАВИЛА ЗА ПРИВАТНОСТ

UNILEVER ПРИНЦИПИ ЗА ПРИВАТНОСТ

Унилевер ја сфаќа приватноста сериозно. Следните принципи го поткрепуваат нашиот пристап кон почитување на Вашата приватност:

  1. Ние ја цениме довербата која ни ја давате со тоа што ни ги давате Вашите лични податоци. Ние секогаш ќе ги користиме Вашите лични податоци на начин кој е фер и достоен на таа доверба.
  2. Ние ќе Ви обезбедиме јасна информација за тоа како ние ги користиме Вашите лични податоци. Ние секогаш ќе бидеме транспарентни со Вас за тоа кои податоци ги собираме, што правиме со нив, со кого ги споделуваме и кого треба да го контактирате ако имате било какви прашања.
  3. Ние ќе ги преземеме сите разумни чекори за да ги заштитиме Вашите податоци од злоупотреба и за да останат сигурни.
  4. Ние ќе ги почитуваме сите важечки закони и прописи за заштита на податоци и ќе соработуваме со органите за заштита на податоци. Во отсуство на законодавство за заштита на податоците, ние ќе се однесуваме во согласност со општо прифатените принципи за заштита на податоците.

УНИЛЕВЕР ПРАВИЛА ЗА ПРИВАТНОСТ

Последенo aжурирање: Јуни 2014

Овие Правила за приватност објаснуваат кои видови на лични податоци ги собираме и како ги користиме, откриваме и штитиме тие податоци.

На што се однесуваат овие Правила за приватност?

Овие Правила на приватност се однесуваат на личните податоци собрани од страна на Унилевер групацијата на компании во врска со услугите кои тие ги нудат. Дознајте повеќе за Унилевер групацијата на http://unilever.com/aboutus/. IОва вклучува податоци собрани оф-лајн преку Центрите за потрошувачи, кампањи за директен маркетинг, лотарии и наградни игри и он-лајн преку нашите интернет страници, апликации и брендирани страници на платформите на трети лица. (“Унилевер Сајтови”)

Овие Правила на приватност исто така се однесуваат и на прилагодените содржини на Униливер, вклучувајќи понуди и реклами за Униливер производи и услуги, кои што ние (или давателот на услуги кој што дејствува во наше име) може да ги испратиме до Вас преку интернет страните на трети лица, платформи и апликации (“Сајтови на Трети Лица”) врз основа Вашите Информации за Користење на Сајтови (како што е дефинирано подолу). Овие Сајтови на Трети Лица може да поседуваат нивни правила за приватност и услови. Ве советуваме внимателно да ги прочитате тие правила и услови пред да ги користите Сајтовите на Трети Лица.

Овие Правила за приватност се инкорпорирани во и претставуваат дел од правилата и условите за користење на соодветниот Унилевер сајт. За податоци за компанијата од Унилевер групацијата одговорна за заштита на Вашите лични податоци, видете подолу Вашето право на приватност и кого да контактирате.

Ваша согласност

Со користење на сајтот Унилевер, Вие ја давате Вашата согласност на соодветната компанија од Унилевер групацијата за да ги собира, користи и открива Вашите лични податоци во согласност со овие правила за приватност. Доколку не се согласувате со ваквото собирање, користење и откривање на Вашите лични податоци на ваков начин, Ве советуваме да не ги користите Униливер сајтовите или на друг начин да не ги доставувате Вашите лични податоци на компанијата од Унилевер групацијата.

Унилевер ќе ги собира, користи и открива Вашите лични податоци каде што тоа е праведно и законски. Најчесто, ќе бараме Ваша изречна согласност, но во некои случаи, може да претпоставиме дека постои согласност од Вашите дејствија и однесување. Може да Ви побараме да дадете дополнителна согласност ако треба да ги користиме Вашите лични податоци за цели кои не се опфатени со овие Правила за приватност. Вие не сте обврзани да дадете таква согласност, но ако одлучите да не ја дадете, тогаш Вашето учество во одредени активности може да биде ограничено. Ако дадете дополнителна согласност, условите на таа согласност, ќе преовладуваат во случај на конфликт со условите на овие Правила за приватност.

Ве молиме имајте во предвид дека, спеак, ние може да обработуваме Ваши лични податоци без согласност ако имаме законска причина да го правиме тоа, под услов таквата употреба да нема штетна последица на Вашите права, слободи и интереси. Секоја таква употреба ќе биде во согласност со Принципите за приватност на Унилевер утврдени погоре.

Деца

Поголемиот дел од сајтовите на Унилевер се дизајнирани и наменети за употреба од страна на возрасните. Кога сајтот на Унилевер е наменет за употреба од страна на помладата публика, ќе обезбедиме согласност од родител или од старател пред да собираме лични податоци, каде што сметаме дека е соодветно да го сториме тоа или кога тоа го бараат применливите закони и прописи за заштита на податоците (возраста за која согласност е неопходна варира од земја до земја). Ако сте дете на возраст каде што не е потребна родителска согласност во Вашата земја, би требало да ги разгледате овие Правила за приватност со Вашиот родител или старател за да бидете сигурни дека ги разбирате и ги прифаќате.

Ако откриеме дека имаме собрани податоци од дете без согласност од родител или старател, каде таква согласност требало да биде добиена, ние ќе ги избришеме тие податоци што е можно поскоро.

Пристап до одредени делови од сајтовите на Унилевер и/или подобноста за добивање награди, мостри или други награди може да биде ограничена само на корисниците над одредена возраст. Ние може да ги користиме Вашите лични податоци за да спроведеме проверка на возраста и да ги спроведеме таквите ограничувања согласно возраста.

Кои податоци ги собираме?

Во овие Правила за приватност, Вашите "лични податоци" значат податоци или делови од податоци кои може да овозможат Вие да бидете идентификувани. Ова обично вклучува податоци како што се Вашето име, адреса, корисничко име, профил слика, е-маил адреса и телефонски број, но исто така може да вклучува и други податоци како што е IP адреса, навиките за купување, параметри и податоци за вашиот животен стил или параметри, како што се Вашите хобија и интереси. Може да собираме лични податоци за Вас од различни извори, вклучувајќи:

  • Податоци кои ни ги давете директно

    Ние може да собираме податоци директно од Вас кога ќе ни дадете лични податоци, на пример, кога ќе се регистрирате за наградни извлекувања или натпревари, кога се регистрирате за да добивате податоци, користите апликации, ќе купите производ или услуга од нас, пополните анкета, или кога ќе направите коментар или прашање. Видовите на податоци што може да собираме директно од Вас го вклучува Вашето:

    • Име
    • адреса
    • е-мејл адреса
    • корисничко име
    • телефонски број
    • кредитна картичка или други податоци за исплата
    • возраст
    • датум на раѓање
    • полот
    • генерирани кориснички содржини, мислења и други содржини кои ќе ги доставите до сајтовите на Унилевер
    • било кое лични податоци кои доброволно ни ги доставувате
  • Податоци што ги собираме автоматски кога ги користите сајтовите на Унилевер

    Ние (и трети лица даватели на услуги кои дејствуваат за наша сметка) користиме колачиња и други алатки (како што се веб аналитички алатки и пиксел таговите) за автоматски да собереме податоци за Вас кога Вие ги користите сајтовите на Унилевер, согласно условите на овие Правила за приватност и применливите закони и прописи. Видовите на податоци собрани автоматски може да вклучуваат:

    • податоци за видот на пребарувачот кој го користите
    • детали од веб страниците што сте ги виделе
    • Вашата IP адреса
    • хиперлинкови кои сте ги кликнале
    • Вашето корисничко име, профил слика, пол, мрежи и сите други податоци кои ќе изберете да ги споделите при користење на Сајтови на Трети Лица (како на пример при користење на "Ми се допаѓа" (“Like”) функционалноста на Фејсбук или на “+1” функционалноста на Google+)
    • веб сајтовите кои сте ги посетиле пред пристигнувањето на сајтот Унилевер

    (заедно “Информации за Користење на Сајт”).

    Повеќето интернет пребарувачи се првично потставени да прифаќаат колачиња. Можете да ги промените подесувањата да блокираат колачиња или да Ве известат кога колачињата се испратени на Вашиот уред. Ако користите различни пребарувачим или повеќе уреди, може ќе требаа да ги смените подесувањата за секој пребарувач на секој уред. Како и да е, Ве молиме имајте во предвид дека ако ги оневозможите колачињата ова може да влијае на Вашето искуство на сајтовите на Унилевер.

  • Податоци што ги собираме од други извори

    Ние може да добиеме лични податоци за Вас од други законски извори, вклучително податоци од комерцијално достапните извори, како што се јавни бази на податоци и агрегатори на податоци, како и податоци од трети лица. Видовите на лични податоци кои ние може да ги собереме од такви извори го вклучуваат Вашето:

    • Име
    • улица
    • возраст
    • Вашата шопинг навики
    • преференции и податоци за Вашиот животен стил, како што се Вашите хобија и интереси
    • јавно достапни податоци како што се генерирани кориснички содржини, блогови и постови, дозволено со закон
  • Он-лајн рекламирање

    Ние може да ги споделиме Информации за Користење на Сајтови со доверливи трети лица (на пр. промотери, рекламни агенции, рекламни мрежи, разменувачи на податоци, и тн.) со цел да Ви понудиме прилагодена содржина, вклучувајќи повеќе релевантни реклами за производи и услуги кои може да Ве интересираат. Овие трети лица може да постават и пристапат кон нивни сопствени колачиња, веб водичи и слични технологии за следење на Вашиот уред со цел да ни помогнат да доставиме прилагодена содржина и реклама до Вас кога го посетувате сајтот на Унилевер или Сајтовите на Трети Лица.

    Во некои земји, имаме усвоено употреба на индустриски-признаени икони (на пр. AdChoices икони) кои може да се појават покрај прилагодената реклама која ние (или давателот на услуги кои постапува за наша сметка) испратена до Вас врз основа на Вашите Информации за Користење на Сајтови. Вие може да кликнете на тие икони да примите повеќе информации за собирањето и употребата на Вашите информации или да го откажете таквото собирање во иднина. Ве молиме имајте во предвид дека дури и да го откажете, може сеуште да примате реклами од Унилевер кои не се прилагодени на Вашите Информации за Користење на Сајтови.

    Зависно од вашата локација, може да има други решенија да Ви помогнат да ги контролирате параметрите за рекламирање согласно Вашето on-line однесување (како што се дали одредени трети лица може да ги собираат и користат Вашите Информации за Користење на Сајтови за прилагодени рекламни цели). На пример, во Европа интернет сајтот www.youronlinechoices.com Ви овозможува да одберете кои компании може да доставуваат прилагодени реклами, додека во САД може да користите Алатка за откажување на Иницијативата на Мрежно Рекламирање (Networ Advertising Initiative’s Opt-Out Tool) и Алатка за Откажување на Алијансата за Дигитално Рекламирање (Digital Advertising Alliance’s Opt-Out Tool).

Како ги користиме Вашите лични податоци?

Ние може да ги користиме Вашите лични податоци:

  • да ги подобриме нашите производи и Вашето искуство на Унилевер сајтот. Дознајте повеќе.

    Ние може да ги користиме Вашите лични податоци за:

    • да го евалуираме користењето на сајтовите на Унилевер, производи и услуги
    • анализа на ефикасноста на нашите реклами, натпревари и промоции
    • персонализирање на Вашето веб искуство, како и да се оценат (анонимно и збирно) статистичките податоци за активноста на сајтот, како што се времето во кое го посетувате, дали сте го посетиле претходно и која сајт Ве упатил до него
    • да ги направиме сајтовите на Унилевер полесни за употреба и подобро да ги прилагодиме Унилевер сајтовите на Вашите интереси и избори
    • да се забрзаат идните активности и искуството на сајтовите на Унилевер. На пример, сајтот може да препознае дека сте ги доставиле Вашите лични податоци и нема да ги бара истите податоци по втор пат
    • собирање на податоци за уредот кој го користите за да го прегледувате сајтот на Унилевер, како што се Вашата IP адреса или типот на интернет пребарувач или оперативниот систем кој го користите и го поврзуваат ова со Вашите лични податоци со цел да се осигура дека секој сајт на Унилевер претставува најдоброто веб искуство за Вас
  • o да Ве контактираме во врска со производи и услуги кои можат да бидат од интерес за Вас, под услов да ни имате дадено согласност за ова или ако претходно сте барале производ или услуга од нас и комуникацијата е релевантна или поврзана со тоа претходно барање и е направена во определени временски рамки утврдени со важечките закони. Дознајте повеќе.

    Ние може да ги користиме Вашите лични податоци за да:

    • предлагаме производи или услуги (вклучувајќи ги и оние на релевантни трети лица) кои сметаме дека може да бидат од интерес за Вас
    • Ви понудиме можност да учествувате во натпревари или промоции

    Можете да изберете да прекинете да добивате вакви известувања од нас во секое време. Секоја директна маркетинг комуникација која Ви ја испраќаме ќе Ви ги обезбеди податоците и средствата кои се неопходни за прекин на овие комуникации.

  • Да Ви обезбедиме производи или услуги кои ќе ги побарате од нас. Дознајте повеќе.

    Ние може да ги користиме Вашите лични податоци:

    • за целите на натпревари или промоции за кои сте се пријавиле
    • да Ви испратиме податоци, производи или примероци кои сте ги барале
    • да одговориме на Вашите прашања или коментари

    Со цел да ги заштитиме податоците од случајно или злонамерно уништување, кога бришеме податоци од нашите услуги можно е веднаш да не ги избришеме останатите копии од нашите сервери или да ја отстраниме информацијата од нашите резервни системи.

Услуги преку мобилни пораки

Ние може да ставиме на располагање услуга преку кој можете да примате текстуални или други видови на пораки од Унилевер како SMS (услугата за кратки пораки), MMS (услугата за мултимедијални пораки), EMS (услуга за подобрени пораки) на Вашиот безжичен или мобилен уред ("Услуга преку мобилни пораки"). Ако се претплатите на една од нашите Услуги преку мобилни пораки, Вие се согласувате да добивате вакви пораки од Унилевер на адресата или мобилниот број кој сте го обезбедиле за таа намена (доколку и се додека не изберете повеќе да не добивате такви пораки следејќи ги инструкциите во Вашето право на приватност и кого да го контактирате делот подолу).

Разбирате дека стандардните тарифи на Вашиот давател на безжични услуги се применуваат на овие пораки и дека може да се предомислите во секое време следејќи ги инструкциите во делот Вашето право на приватност и кого да го контактирате делот подолу.

Ако надоместоците се наплаќаат на Вашата фактура за безжична сметка, Вие се согласувате дека ние може да ги собереме од Вас и да ги дадеме на Вашиот давател на услуги соодветните податоци за плаќање во врска со тоа. Вие декларирате дека сте сопственик или овластен корисник на безжичниот уред кој го користите да се регистрирате за услугата преку мобилни пораки и дека сте овластени да ги одобрите применливите надоместоци. Покрај исполнувањето на одредени барања во однос на возраст и сите други услови поврзани со секоја услуга за мобилни пораки, од Вас може да биде побарано да се регистрирате со лични податоци како што се Вашето име, текстуална порака, безжичен адреса или мобилен телефонски број. Ние исто така може да го прибавиме датумот, времето и содржината на Вашите пораки во текот на Вашето користење на услугата преку мобилни пораки. Ние ќе ги користиме податоците кои ги добиваме во врска со нашите услуги преку мобилни пораки во согласност со оваа Правила за приватност. Ве молиме имајте предвид дека, сепак, Вашиот давател на безжични услуги и други даватели на услуги можат исто така да собираат податоци за Вашето користење на безжични уреди и дека нивните практики се управувани од нивните сопствени правила.

Вие разбирате и се согласувате дека услугата преку мобилен пораки е обезбедена преку безжични системи кои користат радио (и други средства) за пренос на комуникации преку комплексни мрежи. Ние не гарантираме дека Вашата употреба на услугата преку мобилни пораки ќе биде приватна или безбедна и ние не сме одговорни спрема Вас за било каков недостаток на приватност или безбедноста може да се доживее. Вие сте целосно одговорни за преземање мерки и обезбедување безбедносни мерки кои најдобро одговараат на Вашата ситуација и планираното користење на услугата преку мобилни пораки. Ние, исто така може да пристапиме до содржината на Вашата сметка за безжични и/или мобилен телефон со Вашиот оператор за потребите на идентификување и решавање на технички проблеми и/или поплаки поврзани со услугите.

Со кого ние ги споделуваме Вашите лични податоци?

Унилевер е еден од водечките светски компании за брзо-подвижни производи за потрошувачи со производи продадени во повеќе од 190 земји (повеќе информации за Унилевер може да се најдат на: http://unilever.com/aboutus/). Како глобален бизнис, Унилевер може да ги споделува Вашите лични податоци со компаниите од Унилевер групацијата и доверливи трети лица лоцирани надвор од земјата во која живеете за да може тие да ги обработуваат таквите податоците за наша сметка.Дознајте повеќе.

Ние може да ги споделиме Вашите лични податоци со:

  • нашите рекламни, маркетинг и промотивни агенции со цел да ни помогнат да ги испорачаме и анализираме ефективноста на нашите рекламни кампањи и промоции.
  • трети лица задолжени за испорака на производ или услуга до Вас, како на пример испорака или поштенски услуги за доставување на производот кој сте го нарачале
  • органи за спроведување на законот или владини органи, кој спровеле соодветна законска постапка за да побараат од нас да ја откриеме таа информација.
  • трети лица кои сакаат да Ви испратат информации за нивните производи и услуги, но само ако сте ни дале согласност да го сториме тоа
  • трети лица даватели на услуги, како што се обработувачи на податоци на Унилевер
  • провајдери на алатки за веб анализи, како што се Google или Unica

Ако ги споделуваме вашите лични податоци со другa компанија од Унилевер Групацијата или со доверливи трети лица, ќе вложиме најголеми напори да обезбедиме дека тие ќе ги чуваат Вашите информации безбедни, ќе ги превземат сите рационални мерки за да ги заштитат од злоупотреба и да ги користат само на начин во согласност со нашите инструкции, овие Правила за Приватност и применливите закони и прописи за заштита на податоци.

Ние, исто така може да ги споделиме Вашите лични податоци со компании, организации или поединци надвор од групацијата Унилевер ако веруваме дека откривањето на податоците е потребно од правни причини. Дознајте повеќе.

Ние може да ги споделиме Вашите лични податоци за:

  • да ги спроведеме прменливите правила на користење на сајтовите на Унилевер.
  • да спроведеме истраги за можно прекршување на важечките закони
  • откривање, спречување и заштита од измама и какви било технички или безбедносни пропусти
  • да се усогласиме со важечките закони и прописи, да соработуваме во било каква правна истрага и за да ги исполниме применливите владини барања

Не е практично да ги наброиме сите земји кадешто лични податоци се обработуваат и чуваат со оглед да тие земји се менуваат често зависно од оперативните барања. Ако имате било какви прашања, коментари или грижи во врска со тоа како ние се однесуваме со Вашите лични податоци, тогаш видете го делот подолу Вашите права на приватност и кого да контактирате..

Унилевер не продава лични податоци, освен на субјект на кој би му го продале целиот или дел од нашиот бизнис (на пример во врска со наша продажба на бренд), или на друг начин во врска со спојување, консолидација, преземање на контрола, промена на контрола, реорганизација или ликвицација на целиот или дел од нашиот бизнис.

Пренос на вашите лични податоци

Ние може да ги префрлиме Вашите лични податоци до сервери лоцирани надвор од земјата во која Вие живеете или на подружници или други сигурни трети страни лоцирани во други земји за тие да можат да ги обработуваат личните податоци во наше име. Со тоа што го користите Унилевер сајтот или пак на друг начин му давате на Унилевер лични податоци, Вие се согласувате да постапувате во согласност со условите на овие Правила за Приватност и применливите закони и други одредби за заштита на лични податоци. Треба да бидете свесни дека многу земји ја немаат истата правна заштита на лични податоци како што е во Вашата земја на потекло. Додека Вашите лични податоци се во друга земја, истите може да бидат достапни на судови, спроведувачи на законот и државни власти за национална безбедност во таа земја согласно нејзните закони. Условено од таквите законски барања за пристап, ние ветуваме дека било кој што ги обработува Вашите лични податоци надвор од Вашата земја на потекло ќе треба да ги имплементира мерките за да ги заштити и единствено ќе биде овластен да ги обработува во согласност со инструкциите на Унилевер.

Заштита на вашите лични податоци

Ние ги преземаме сите разумни мерки на сигурност за да ги зачуваме Вашите лични податоци сигурни и бараме од било која трета страна која ги работи со нив или ги обработува личните податоци во наше име, да го прави истото. Пристапот до Вашите лични податоци е ограничен за да се спречи неавторизиран пристап, измена или злоупотреба и е дозволен само кај нашите вработени и агенти на основа на “потребно-да–се-знае„ (need to know bases) принцип.

Вашето право на приватност и кого да го контактирате

Ако имате било какви прашања, коментари или грижи за тоа како ние ги чуваме Вашите лични податоци, тогаш може да не контактирате со кликнување на Контактирајте не линкот на сајтот Унилевер кој Ве упати до овие Правила за приватност. Алтернативно, Ве молиме одете на www.unilever.com изберете ја соодветната земја и кликнете на линкот Контактирајте не. Вашето барање ќе биде насочено кон соодветната компанија во рамките на Унилевер Групацијата.

Имате право да ни кажете ако:

  • не сакате да биде контактирани во иднина од нас
  • би сакале копија од личните податоци кои ги имаме за Вас
  • би сакале да се поправи, ажурира или избрише на Вашиот личен податок во нашата евиденција
  • сакате да пријавите било каква злоупотреба на Вашите лични податоци

За да ни помогнете во одговарањето на Вашето барање, Ве молиме обезбедете ги Вашето име и детали.

Промени во нашите Правила за приватност

Ние може да ги промениме овие Правила за приватност од време на време со објавување на ажурирана верзија на Правилата за приватност на Унилевер сајтовите. Ние ќе Ви дадеме разумно известување за каква било материјална промена. Ние Ве охрабруваме да не посетувате често за да останете информирани за тоа како ние ги користиме Вашите лични податоци.

Други Унилевер Правила за приватност

Освен овие Правила за приватност, може да има конкретни кампањи или промоции кои ќе се регулираат со дополнителни правила за приватност или политики. Ние ве охрабруваме да ги прочитате овие дополнителни услови или политики пред учествувате во сите такви кампањи или промоции со оглед на тоа што ќе се бара од Вас да се усогласите со нив ако учествувате.

Сите додатни правила за приватност или политики ќе Ви бидат направени достапни